Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
Два ипол денари поевтин дизел и денар ипол поевтинување на бензините очекува Премиерот со новата одлука на реглааторната комисија на стартот од идната работна недела. Според анализата која ја направила владата, од вторник дизелот би се продавал за 95,5 денари.
На оваа цена најголем дел од бензинските одобруваат и 3 денари попуст па ќе може да се наточи за 92,5 денари. 95 октанскиот бензин ќе се продава за 82 денари, а на оваа цена најчесто има и попуст од 2 денари.
Засега владата останува само со мерките за горивата. За следните чекори ќе се размислува на владината седница во вторник .Опозицијата обвинува дека владата ги оставила граѓаните без мерки за Велигден.
„Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки „по празниците“, чека анализи и извештаи.
СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи да ги игнорира. Денеска, граѓаните ја плаќаат цената на таа неодговорност.“ – се вели во реакцијата на СДСМ.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
