Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари

Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт.
Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, аспецијален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија.
Тремините за сообраќај на овој воз се:
На 2.01.2026 од станица Скопје во 18:00, 20:30 и 21:00 часот
На 3.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот
На 4.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот.
- Патувајте со нас, доживејте ја атмосферата на Новата година и создадете спомени што ќе се паметат долго! Новогодишната магија не завршува, таа продолжува со нашиот празничен воз, велат од МЖ Транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
