-->
-->
Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-->

СВР Битола, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) по повод Новата 2026 година го доделија првото детско седиште за автомобил на првото новороденче во Клиничката болница-Битола.
Овој симболичен чин не е само подарок, туку порака дека безбедноста почнува од првиот ден од животот, изјави за МИА, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
- Ние од СВР Битола, РСБСП која е нивна донација и ОСБСП постојано потсетуваме дека детското седиште не е избор, туку напротив неопходност. Тоа спасува живот и е најважниот прв чекор кон сигурно и безбедно детство. Им честитаме на родителите на приновата и им посакуваме, здравје, среќа и безбедни патувања, истакна Стаматова.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
-

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
-

Министерот за здравство Алиу ќе ги посети првите новородени бебиња годинава
