Македонија
1. January 2026 - 19:43

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година

Државната каса никогаш потешка од пари од патарини. Рекордни приходи на Јавното претпријатие за државни патишта.

Од наплата на патарини на македонските автопатишта, државата инскасирала 67 и пол милиони евра. 

Бројките покажуваат драстичен раст од пандемијата со Ковид, за пет години, приходите се речиси удвоени.

Причината за добрата наплата, според директорот Коце Трајановски, е воведување дисциплина.

Раст се бележи и на М-таг-ови, а ЈПДП скучило и договор тие да можат да се надополнуваат преку мобилните оператори во државата.

Бугарија влезе во Шенген, па Европејците кои одат кон Грција би можеле да избегнат две граници. Трајановски уверува, ова нема да се случи. Очекувањата во ЈПДП се дека следната година нема да има пад на приходите од патарините на автопатиштата.