НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот констатирале вршење дејност превоз на скијачи со ратраци која била во спротивност со важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот. Според управата на паркот, операторот немал склучено договор и спогодба со нив, како што е предвидено со Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на Националниот парк Шар Планина и со Планот за управување со паркот.
- При теренските контроли, на државен имот, беше констатирано вршење на дејноста скијање со пет возила ратраци од страна на одреден оператор кој нема склучено договор, односно соодветна спогодба. Како директен резултат на овие контроли, веднаш беше преземена мерка за забрана на движењето на ратраците на операторите кои не ги исполниле законските услови, односно кои немаат склучено договор со институцијата за регулирање на вршењето на туристичката дејност во рамките на територијата на паркот, соопштија од ЈУ НП Шар Планина.
Тие во соопштението велат дека биле попречувани во нивната работа.
- За време на извршувањето на своите службени задачи, вработените на Институцијата беа попречени од операторот со движењето на ратраците, со што беше оневозможено спроведувањето на задачите предвидени со член 112 од Законот за заштита на природата. Нелегитимните постапки на операторот создадоа директен ризик за животот и безбедноста на вработените на Институцијата, со што се наруши нормалното функционирање на институционалните активности и почитувањето на законската регулатива. По настанот ќе биде поднесена пријава до Министерство за внатрешни работи и до Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање, информираат од Националниот парк.
Институцијата ја потсетува јавноста дека вршењето на дејноста скијање со ратраци во Националниот парк Шар Планина е дозволено исклучиво во зоните определени за активно управување, надвор од зоната на строга заштита, и само во целосна согласност со законските и договорните услови.
- Со договорниот однос се воспоставува јасен режим на движење, надзор и одговорност на операторите, со цел ограничување на влијанието на моторизираните активности врз чувствителните живеалишта, зачувување на биодиверзитетот и заштита на еколошката рамнотежа на паркот, велат од НП Шар Планина.
Од таму велат дека Ренџерската служба на Јавната установа Национален парк Шар Планина ќе продолжи со редовни и интензивирани теренски контроли, како и со преземање законски мерки за секоја утврдена повреда, во согласност со надлежностите утврдени со Законот за заштита на природата.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Сојузништвото со САД е засновано на доверба
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
