Македонија
13. November 2020 - 13:07

НВО секторот реагира: Од помпезните најави за рушење на дивоградби во Охрид нема ништо

Пристапот кон бесправно изградените објекти го диригираат финансиите, а не јасно и прецизно изработен план и сеопфатна стратегија реагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие посочуваат дека иако по враќањето од Баку во јули 2019 г. помпезно се најавуваше рушење прво на објектите со правосилно решение за отстранување, а потоа на објектите кои според евалуациите за влијание врз прирoдното и културното наследство на регионот ќе се утврди дека претставуваат закана, сега се се сведува само на рушење на плажите.

-Тоа укажува на немање стратегија за исполнување на препораките од Реактивната мониторинг мисија на UNESCO и отстранување на заканите по светското наследство.

Нема никаква информација дали воопшто се работат оцените на влијанието на дивоградбите врз исклучителната универзална вредност на Регионот, стои на фејзбук статусот на Охрид СОС.

Георгиески смета дека стратешката евалуација согласно Планот за управување ќе одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, односно кои објекти можат, а кои не да се се вклопат во наредни урбанистички планови.

Од невладината  велат дека побарале детален план со динамика и критериуми за отстранување на дивоградбите уште во август, од страна на општината во октомври добиле информација но без конкретен одговор.Од локалната пак во неколку наврати најавија дека нема да се толерира ниту една дивоградба но дека станува збор за процес кој ќе трае со години.