Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата

Министерството за здравство, согласно заклучок од седница на Владата ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти МЗ.
Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари, а во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.
-Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини, појасни министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението.
Оваа инвестиција, додаваат од МЗ, е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.
МИА
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
