Обид за убиство во струшко - приведени две лица
Две лица од струшко се приведени во полиција поради обид за убиство на нивни сограѓанин, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, на 2 август, 30 минути по полноќ во ОВР Струга лишени од слобода се Д.У.(37) и В.Б.(36), двајцата од струшкото село Корошишта откако претходно, било пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга, се случила вербална расправија меѓу нив, од една и А.А. и А.У. од друга страна, од Корошишта.
- Притоа, според пријавеното, А.А. извадил нож и замавнал кон Д.У. и го повредил по што, бил пренесен во Општата болница во Струга каде биле констатирани тешки телесни повреди, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница