Објавена снимка со девојче кое личи на малата Данка – снимено во Виена | ВИДЕО
Српските медиуми почнаа да објавуваат дека исчезнатата Данка (2) била видена во придружба на две Романки во Виена.
Тие пишуваат дека полицијата синоќа стапила во контакт со нивните австриски колеги и му ги испратила на Европол сите информации и снимката. Наводно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето, но официјална потврда нема.
Дел од српските медиуми ја објавија снимката направена во Виена на која се гледа мало девојче кое наликува на Данка. Српската полиција веќе стапила во контакт со полицијата во Виена.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Батајница ја коментираше работата на полицијата во случајот со исчезнатата Данка Илиќ, зборувајќи за нова трага која се појавила синоќа.
„Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол, како синоќа, ме известија и мене. До пет и пол сите се на своето место. Секоја чест за нивната посветеност. колку луѓе се борат за прекрасен живот.Секој ден.Се надевам дека ќе успеат да го решат и тој случај“, изјави Вучиќ.
Од утрово, јавуваат српските медиуми, никој не може да влезе во Банско поле без претходно да биде легитимиран.
На неколку приоди кон селото, како и во самото село има полициски патроли кои ги проверуваат сите што поминуваат.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
