Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска го објави списокот на граѓани што се стекнаа со право на ваучер за купување и вградување инвертер-клима уред во рамките на програмата за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со објавата почнува и последната фаза од постапката, во која 4.070 домаќинства ќе може во рок од 30 дена да ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа.
Како што соопштуваат од Министерството, станува збор за втората, завршна фаза од постапката, која се однесува исклучиво на домаќинствата што до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле критериумите утврдени во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија. Списокот е достапен на веб-страницата на Министерството.
Од 18 март до 17 април 2026 година лицата што се наоѓаат на списокот ќе може да си ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат. На веб-страницата на Министерството детаљно е наведена потребната документација, како и самиот тек на процедурата за подигнување.
Рокот за подигнување на ваучерите изнесува 30 дена од денот на објавата. Ваучерот овозможува набавка и вградување инвертер-клима уред од најмалку 3,5 киловати со енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.
Од Министерството дополнуваат дека во следните денови ќе го објават и списокот на компании со кои се склучени договори за оваа мерка. Граѓаните ќе може да изберат клима-уред од понудата на овие компании, без дополнителна доплата, при што вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.
- Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните што веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамките на овој повик се доделуваат вкупно 4.070 ваучери - нагласуваат од таму.
МИА
Ново на Сител
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
