Облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје че биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
