Облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.
УХМР најавува дека утре и задутре следува преодна стабилизација на времето. Утре ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а задутре претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди во централните делови од земјава. Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд.
Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. В среда и в четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи.
До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле
-

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
-

Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
-

Приведен радовишанец, се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица
-

Барселона загуби од Атлетико, ПСЖ подобар од Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ
