Облачно и врнежливо време, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа, додека на планините ќе врне снег. Попладне, поради продор на постуден воздух од север, врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег.
Ќе дува умерен ветер, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови дождот да премине во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Поради продорот на постуден воздух од север, врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските места, а на повисоките места и на планините од снег.
На планините се очекува да се формира нова снежна покривка до 20 сантиметри, а помала снежна покривка од 2 до 10 сантиметри и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.
MИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
