Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).
Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
МИА
Ново на Сител
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Лани куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, деловен простор за 6,8 милиони евра
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
-

Русија развива вакцина против ХИВ
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
-

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
