Облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m². Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
МИА
Ново на Сител
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
