Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 30 л/м²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 4 степени, а дневната од 5 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.
До недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 л/м². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрата ќе бидат со температури и под нулата, наведуваат од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
-

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк
-

ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор
-

Тошковски: Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза
-

Тошковски: Максимален фокус треба да ни биде заштитата на жените и децата, системските промени ќе дадат резултати
-

Мицкоски: Правиме се за да нема зголемување на цената на струјата и на парното
-

Од полноќ нови цени на горивата
