Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
