Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи.
Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки.
– Очекуваме во најкраток период оние кои што ги имаат малку зголемено маржите спореден со истиот период од минатата година од 2 до 5 проценти, зборам на тие веќе постојните бруто профитни маржи од 10 отсто. Да речеме, ако маржата била 10 проценти, сега се 12 или 15. Тие ќе бидат предупредени - рече Мицкоски.
Тој посочи дека Владата ја охрабруваат најновите податоци за инфлацијата, нагласувајќи дека во јуни таа изнесувала 3,4 проценти, што според него е најниско ниво во регионот.
– Во делот на храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата е 2,5 проценти, а кај обувките и облеката 2,1 процент. Поголем драјвер би рекол се на тутунот и тутунските производи и алхохолот, како и транспортот поради војната во заливот и зголемените трошоци на транспортните компании и на туроператорите - истакна премиерот.
Мицкоски оцени дека ваквите показатели претставуваат успех во услови на глобална економска неизвесност и потсети дека во јуни 2022 година, кога започна војната во Украина, инфлацијата достигнувала 14 до 15 проценти.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
