Облачно со услови за утринска магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
