Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини

Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно време претпладне со појава на магла, попладне со услови за повремени локални врнежи од дожд, како и сончеви периоди. Се очекува минималната температура да се спушти до 3, а максималната да достигне до 12 Целзиусови степени.
Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи се очекуваат утре. Според најавите, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
MИА
Ново на Сител
-

Трамп телефонски разговарал со Руте за Гренланд
-

Европратеници повикуваат на создавање на европски социјални медиуми
-

Променливо облачно со повремен снег
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
