Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против шест лица во предметот што се однесува на фалсификување возачки дозволи, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Според обвинението, шестемина се товарат за продолжено кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи во Скопје, во периодот од септември 2020 до август 2026 година, во повеќе наврати ги користела своите службени шифри за преправање возачки дозволи со внесување дополнителни категории, наведува обвинителството.
Останатите пет обвинети се возачи кои, иако немале положено возачки испит за категориите Ц и Д, во договор со службеничката поднесувале барања за издавање возачки дозволи во кои биле внесувани категории за кои не ги исполнувале законските услови.
Од Обвинителството посочуваат дека така издадените возачки дозволи биле користени за добивање сертификати за професионална компетентност на возач за вршење меѓународен превоз на патници и стоки. Потоа, дел од обвинетите во повеќе наврати управувале автобуси и товарни возила во меѓународниот сообраќај.
Јавниот обвинител предложил продолжување на претходно определената мерка притвор за тројца од обвинетите, меѓу кои и вработената во МВР.
За тројца обвинети кои се недостапни на органите на прогонот е предложено определување притвор по нивното пронаоѓање, а постапката против нив да продолжи во отсуство.
Во рамки на истиот предмет, обвинителството продолжува со обезбедување докази против уште 21 лице осомничено дека било посредник или корисник на фалсификувани возачки дозволи, додека истрагата опфаќа и други можни злоупотреби поврзани со случајот.
Ново на Сител
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
