Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
Обвинителството поднесе обвинение против пратеникот на Левица Сашко Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј Димовски. Се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот.
Според обвинителството, Јанчев додека управувал со автомобилот Хјундаи Тусон, не се придружувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.
„Тој непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот. Во тој момент во возилото удрил мотор “Јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски“.
Јавниот обвинител увидел дека Матеј кој го возел моторот не поседувал возачка дозвола. Ниту тој, ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот почина, а неговата 13-годишна сопатничка беше потешко повредена.
По денешното обвинените, Јанчев за првпат се огласи сообраќајката на социјалните мрежи.
„Најпрво жал ми е за се што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути, пишува Јанчев на Фејсбук.
Ја обвини власта дека ја злоупотребувала ситуацијата но и дека на имунитет нема да се повика.
„Јас на имунитетот ниту сум се повикал, ниту ми паднало на памет да се повикам. Дополнително од власта убаво знаат дека имунитетот во случајов не се однесува на кривична одговорност. Пратеник може да има имунитет и пак кривично да одговара.
И сето ова се прави без осет затоа што во приказнава не сум само јас, има и настрадани и еден куп потресени“, стои во објавата на Јанчев .
Евентуално одземање на пратенички имунитет може да се иницира исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган. Од Собранието појаснуваат дека ваква постапка е можна само во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник.
Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми.
Мајката Благица Тодоровска во барањето за одземање на идентитетот адресирано до претседателот на Соранието, Африм Гаши, како причини наведе дека постојат индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет.
Гаши, барањето на мајката го проследил до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
