-->
-->
Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
-->

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството.
-Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување. За исходот и натамошните чекори, јавноста ќе биде дополнително известена - посочуваат од таму.
Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, наведуваат од ЈОРСМ.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
