Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.
Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.
Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење до судската полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС.
Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјави дека тие не добиле наредба. Според него, тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ.
Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување.
Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.
Во Службениот весник на РС се содржат декрети за објавување на четири закони усвоени од Националното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари, со кои се бара да се забрани работата на Обвинителството на БиХ, Судот на БиХ, ВСТВ и СИПА на територијата на РС.
Тие закони беа привремено суспендирани со одлука на Уставниот суд на БиХ.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
