Македонија
10. July 2025 - 16:35

Обвинувања околу справувањето со пожарите

По вчерашниот кризен штаб владата ги мобилизира сите капацитети за справување со пожарите. Премиерот Мицкоски вели дека брзата и навремена реакција на институциите вчера спречи ескалирање на состојбата со пожарите во исклучително тешки временски услови, а состојабата денеска е под контрола.

-Она што можам да го кажам е дека специјалните возила коишто беа преадаптирани, во текот на вчерашниот ден, дејствувавме со 9 Пинцгауери, еден Хермелин и 2 БТР-а и тие истурија околу 300 тона вода. Тоа е како полициските и армиските хеликоптери да направат 75 прелети тој ден, што е невозможно. Очекувам по техничкиот прием, деновиве да бидат вклучени сите, така што сметам дека драматично ќе биде подобрена расположливата механизација, би рекол, и специјални возила, да се справиме со овие непогоди во периодот којшто следи. А најмалку којшто има кредибилитет да зборува во оваа работа е опозицијата и јас би рекол, оние политички лешинари коишто орбитираат во периметарот на опозицијата.“вели Мицкоски

Опозициската СДСМ пак денеска ги повлече сите амандамни за ребалансот на буџетот, со барање парите наменети за повеќе проекти да се пренаменат за надградба на системот за справување со пожарите.

Партиите денеска си разменија обвинувања и за тоа кој ги подметнува пожарите, откако на повеќе локации беа пронајдени вакви докази.

-Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали. Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса. И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира, вели Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ

Поради големиеот број на активни жаришта низ државата, СДСМ вчера побара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите, но до овој момент без одговор од владечајкото мнозинство.