Обвинувања за пресметка со опозицијата пред најавеното уривање на дивоградби во Вевчани
Утре стартува рушењето на дивоградбите во Вевчани.Со полициска асистенција ќе се отстрануваат пет тврди градби меѓу кои и еден угостителски локал и пет помали објекти настрешници ,огради и скали.Од десетина кафетерии во општината решение за отстранување на урбаната опрема добил само еден и тоа ќерката на поранешниот градоначалник која обвинува за селективност и политички реваншизам од страна на локалната.
Првиот човек на општината Јанкоски ги отфрлува обвинувањата и вели дека акцијата ќе се одвива на објекти на кои градежниот инспектор утврдил прекршувања на законот за градба.
Оштететните најавија дека правдата ќе ја бараат во министерство за транспорт и на суд.
Од локалната пак потенцираа дека најнапред ќе се пристапи кон рушење на помалите објекти а за поголемите дивоградби ќе биде распишан јавен повик бидејќи комуналното претпријатие не располага со соодветна механизација .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
