Очајни услови за македонските ученици, користат полски тоалети, се греат на ќумбиња во небезбедни училници
Дотраена столарија, подови со дупки , греење на ќумбе како во минатиот век, покрив од азбестни плочи , во вакви услови учат децата во некои од струмичките села. Во регионот се уште постојат училишта чии тоалети се наоѓаат надвор од училишните згради кои се далеку од потребните стандарди. Се работи пред се за населени места кои немаат канализациони системи. Училишта со надворешни тоалети има и во општина Струмица и во општина Босилово.
Во селото Еднокуќево училишната зграда има покрив од азбестни плочи. И овде тоалетите се надвор од училиштето, а просториите се греат со помош на ќумбиња. Интервенции на објектот скоро и да немало откако е отворен, а потребата е повеќе од евидентна коментира месното население. Тие велат велат , реконструкција на училишната зграда треба да се случи колку што е можно побрзо бидејќи и овие деца заслужуваат ист третман и исти услови како и нивните врсници од урбаните средини.
Немањето доволно финансии е главниот проблем со кој се соочуваат и раководствата на училиштата и општините. Од таму велат дека се работи за долгогодишен проблем чие решавање оди бавно и покрај напорите кои се прават. Од раководството на училиштето Гоце Дечев во Еднокуќево информираа дека веќе подолго време имаат проект за реконструкција на истото, со него аплицирале на неколку места, но позитивен одговор и финансиски средства не добиле. Слична е состојбата и во останатите училишта во општината Босилово кои треба да се обноват. Во најголем дел проекти има, но не и финансии за нивна реализација. За училиштата во селата Градско Балдовци, Вељуса и Баница чии тоалети се надвор од училишните згради надлежните во општина Струмица веќе имале изготвено записници со констатација и барање за дислокација во објектите на училиштата. Со нив била изготвена и проектно техничка документација со сите специфични услови и доставена до МОН со приоритет за внесување во програмата за финансирање.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
