Loading Video...
Фудбал
13. March 2022 - 17:06

Очекувани победи на Челзи и Вест Хем

Екпите на Челзи и Вест Хем остварија очекувани победи во натпреварот од 29-коло на Премиер лигата. 
 
Челзи минимално со 1-0 го победи Њу Касл. „Сините“ од Лондон кои изминатиот период се соочуваат со бројни проблеми пред се околу сопственичката структура на нивниот досегашен газда Роман Абрамовиќ, во тежок меч успеаа да стигна до трите бода.  За тоа се погрижи Германецот Каи Хаверц кој во 89-тата минута го постигна единствениот гол на мечот.
 
Вест Хем пак славеше со 2-1 во дуелот против Астон Вила. Украинецот, Андриј Јармоленко во 70-минута беше стрелец на првиот голот за домаќините, а Шпанецот Пабло Форналс го постигна вториот во 82-минута. Џејкоб Ремси во последната минута беше стрелец на голот за Астон Вила го постигна. 
 
По овие резултати. Челзи кој е трет повторно има девет бодови повеќе од Манчестер Јунајтед, зад кој сега на петото место е Вест Хем со два бода помалку, односно 48. Но, ист број на бодови има и шесто пласираниот Арсенал, но популарните „топџии“ имаа дури четири натпревари помалку од Вест Хем.