Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година.
За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи: потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити, издадено од факултетот; уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80 проценти односно 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, во согласност со договорот; индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.
МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk и посочува дека за каква било информација или прашање студентите може да се обратат на електронската пошта studentskii.stipendii@mon.gov.mk
МИА
Ново на Сител
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
-

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар
-

Приведени повеќе лица осомничени за дела од областа на тероризмот - Акција на повеќе локации во Скопје
-

„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
