Од асфалтното игралиште во Колешино женскиот футсал тим успеа да стигне до титулата балкански шампион
Немаат сала, тренираат на отворено, на асфалтирао игралиште кое е несоодветно за нивниот спорт, а сепак постигнуваат завидни резултати. После две титули како државни прваци женската футсал екипа на основното училиште Видое Подгорец од Колешино стана и Балкански шампион. Нивните резултати само потврдуваат дека спортски таленти во државата има, но она што недостасува е неопходната инфраструктура. Некогашната сала сместена во простории на поранешниот задружен дом со години е нефункционална и веќе се распаѓа. Тренерот на екипата вели дека постоечкиот терен не само што не ги задоволува потребните критериуми, туку е и небезбеден.
,,Играме на асфалтно игралиште каде што секој пат адреналинот е на највиско ниво бидејќи при еден спринт на некое дете они во тие моменти на играта многу не размислуваат и паѓањето придонесува доста големи болки. Многу пати сум се среќавал со повреди на девојчиња, па и од машките каде што косата ќе ти се наежи од стартови кои што после придонесуваат за повреди.,, вели СПАСКО МИЛКОВ - ТРЕНЕР
Женската футсал екипа на училиштето Видеое Подгорец ја сочинуваат ученички од четврто до девето одделение. Меѓу нив е и најдобриот играч и стрелец на балканскиот шампионат. Велат играат фудбал бидејќи го сакаат, но понекогаш е тешко токму поради несоодветните услови.
,, Постигнав 11 гола и ја добив нагрдата за најдобар стрелец. Не е баш лесно, две години по ред државни прваци, сега и балкански прваци станавме.,, вели АЛЕКСАНДРА КОТЕВА – УЧЕНИКО ВО ОУ ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ КОЛЕШИНО.
,, Тоа е голем успех затоа што немаме сала и условите ни се многу тешки.,, вели ВАЛЕРИ ПАНДЕЛИЕВА УЧЕНИКО ВО ОУ ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ КОЛЕШИНО.
,, Ова ми беше една од најуспешните училишни години бидејчи станавме државни прваци, а исто така и балкански,.,, вели АНГЕЛА АНДРЕЕВА УЧЕНИКО ВО ОУ ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ КОЛЕШИНО.
Горди на на успехот на младите спортисти се и од општина Ново Село. Грдаоначалникот Никола Андонов го дели ставот и на екипата, но и на родителите дека условите за спортување на децата се лоши и несоодветни. Тој информираше дека тие како општина веќе имале готов проект за изградба на спортска сала во Колешино. За нејзина реализација аплицирале до министерството за образование, но од таму проектот е одбиен. Сега аплицираат до агенцијата за млади и спорт, се надеваат на позитивен одговор.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
