Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите

Од денеска во Србија почнува регистрација на дивоградби врз основа на Законот за посебни услови за евидентирање и регистрација на правата на сопственост врз недвижности.
Според властите, соодветна дигитална платформа ќе биде отворена утрово.
Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ изјави дека целта е да се регистрираат 4,8 милиони нерегистрирани објекти.
„Од 24 октомври, кога законот стапи на сила, тимови на агенцијата, министерството и катастарот ги посетија најголемиот број наши општини, и општините се подготвени за таа работа. Првата задача беше да се подготват дигитални планови по зони, тие се завршени и се на дигиталната платформа. Регистрацијата ќе трае во следните 60 дена, кога можат да аплицираат сите граѓани и бизниси кои имаат нерегистрирани права на сопственост врз своите објекти“, рече Софронијевиќ.
Таа додаде дека има дополнителен рок од 30 дена за поднесување жалби и дека самото аплицирање е многу едноставно и брзо и преку електронски пат.
Министерката појасни дека од граѓаните се очекува да имаат само два документа: важечка лична карта и некаков доказ за основата на стекнувањето, додека опсегот на прифатливи докази е широк.
Надоместот за впишување се движи од 100 до 1.000 евра, во зависност од големината на местото и површината на објектот.
Од надоместот се ослободени: приматели на социјална помош, лица со попреченост, борци, самохрани родители, семејства со три или повеќе деца, домаќинства кои живеат во објектот и немаат друг недвижен имот. Од денот на стапување во сила на законот, сите нови објекти изградени без дозвола автоматски ќе бидат регистрирани како државен имот. Целта е да се спречи понатамошна нелегална градба и да се воведе ред во евиденцијата за недвижности.
МИА
Ново на Сител
-

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
-

Средба на Комисијата за образование, наука и спорт со министерката Јаневска и експертите на Стратегијата за образование 2026 - 2032
-

Во Собранието јавна расправа за заштитата на младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
-

Надградена ИТ алатката за следење на примената на Стратегијата за реформата на администрацијата
-

Украински напад со дрон врз танкер усмрти неколку лица во јужна Русија
-

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот
-

Променливо облачно време
-

Магла на патот Неготино - Демир Капија
