Од денеска во Србија повисоки пензии за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик

Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари за зголемување на пензиите не се точни и истакна дека почнувајќи од денеска пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти и дека првите поголеми пензии ќе бидат исплатени пред божиќните празници, односно на 4 или 5 јануари.
Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека оваа година, пензиите ќе бидат зголемени за сите пензионери еден месец порано, односно од декември, наместо од јануари.
„Со претстојното зголемување на пензиите, просечната пензија оваа година ќе биде околу 437 евра, додека просечната пензија во 2026 година ќе достигне 488 евра. Навистина огромна разлика во споредба со 2012 година, кога просечната пензија беше 204 евра“, објави Мали на Инстаграм.
Владата на Србија има за цел просечната пензија да изнесува 650 евра до крајот на 2027 година.
„Секако, покрај зголемувањето на пензиите, ќе има и други зголемувања на приходите на граѓаните, па така платите во јавниот сектор ќе бидат повисоки за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, додека минималната плата ќе се зголеми за 10,1 процент, што ќе надмине 550 евра“, рече Мали.
МИА
Ново на Сител
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
-

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти
