Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува

Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот ќе биде 68 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари за литар.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.2.2025 година.
Трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
МИА
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
