Свет
15. November 2026 - 18:25

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра

Данската полиција денеска почна истрага откако маскирани лица упаднаа во продавница специјализирана за продажба на „Покемон“ карти и украле колекционерски примероци во вредност од над 130.000 евра.

Полицијата трага по петмина мажи за кои се верува дека, користејќи „предмет што наликува на пиштол“, му се заканувале на вработениот во продавница лоцирана во трговски центар во Лингби, северно од Копенхаген. Разбојниците потоа ги искршиле изложбените витрини и ги украле карти.

Колекционерските „Покемон“ карти се засновани на серијалот видеоигри во кои играчите фаќаат и тренираат фантастични чудовишта. Овие карти веќе долго време се предмет на голем интерес, при што популарните или ретките примероци се продаваат и разменуваат за високи суми.  

МИА