Македонија
31. May 2022 - 16:30

Од утре ќе се реновира Токсикологија

Токсикологија од утре ќе прима само ургентни случаи со труења и зависници. На Клиниката почнуваат со реновирање на просториите и сите останати пациенти кои доаѓаа во тријажниот центар сега спасот ќе го бараат по други болници. Надлежните од установата веќе ја известиле Брза Помош каде да ги носат пациентите со мозочен удар или инфаркт а доколку имаат повеќе заболувања да ги транспортираат  во Ургентниот во осми септември.

 -Брза помош, Министерството за здравство и сите интерни кклиники добија известување дека Токсикологија ќе се реновира. Крајно време е и ние да се реновираме бидејќи работиме вон стандардни услови. Лани имавме над 27 000 пациенти и не можевме да почнеме со реновирање за разлика од други клиники кои се реновираа, вели др. Ридван Бајрами, директор на Клиника за Токсикологија.

По завршување на градежните работи, планот на Министерството за здравство е резобновување на интернистичкиот ургентен центар на Токсикологија, но со кадар од интерните клиники. Засега споре информации на Сител никој од директорите не потпишал да дадат специјалисти за дежурства и очекуваат тоа да биде доброволно и лекарите сами да одлучат. За тоа реагираа и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари дека се прават работи без консултација со стручната фела наместо да отворт конкурси за вработувања.

 И додека МЗ крои план како тоа да го изведе, Токсикологија е втора клиника од кампусот Мајка Тереза која во исто време со  Ургентниот центар ќе бидат во процес на реновирање и целиот товар паѓа на ГОБ 8-ми септември.