Од утре стартува новиот систем за влез и излез во ЕУ, подгответе се за подолги задржувања на границите

Од утре, 10 април (петок), стапува на сила новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System).
Тоа значи дека дигиталната евиденција ги заменува досегашните печати во пасошите за сите државјани на земји кои не се членки на ЕУ, вклучително и македонските граѓани.Од утре ако патувате во земја од Европската Унија, на граничниот премин ќе ви земат отпечаток од прст и ќе ве фотографираат при првиот влез.
Ова значи дека при прв влез во ЕУ, граѓаните ќе мора да поминат низ процес на регистрација, кој може да потрае подолго од вообичаеното.
При следните патувања ќе се користи автоматско препознавање. Дополнително, ќе се евидентираат сите влезови и излези од ЕУ, со цел подобра контрола и откривање на злоупотреби, вклучително и лажни идентитети.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
