-->
-->
Од вчера задолжителна зимска опрема во сообраќајот
-->

Од вчера во Македонија е задолжителна зимската опрема за сите возила кои учествуваат во сообраќајот. Законската обврска важи до 15 март следната година, без разлика дали на патиштата има снег или зимски услови.
За патничките автомобили, возачите имаат две можности. Да користат зимски гуми на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите од 4 милиметри, или летни гуми, но во тој случај задолжително мора да имаат синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.
Построги се условите за возилата со погон на сите четири тркала. Кај нив зимските гуми мора да имаат најмалку 6 милиметри длабочина на шарите. Доколку користат летни гуми, потребни се синџири.
За непочитување на оваа обврска превидена е казна од 45 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите
-

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
-

Руските загуби во Украина се неодржливи, се приближуваат до размери од Втората светска војна
-

Неуспешен обид за средба Трамп – Ким: Северна Кореја поставила неприфатливи услови
-

Пронајдено тело на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница во Подгорица
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
