Одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров
Со панахида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село и полагање на цвеќе пред споменикот денеска беше одбележана 101 годишнината од убиството на Тодор Александров. Според претседателот на патриотскиот институт при ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов Александров е еден од главните столбови за формирање на современата македонска држава.
-За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор Александров е еден од славните македонски синови на кои им должиме тоа што ние сега ја имаме Република Македонија како држава, изјави Пандов.
Поновата македонска историографија од 90-тите години на минатиот и почетокот на овој век, го рехабилитираше ликот и делото на штипскиот војвода. Денеска се одбележуваат и 30 години од одбележувањето на смртта на Тодор Александров во Ново Село во Штип.
- На секој еден му е јасно дека тој е Македонец, роден во Штип, во Ново Село, работел и дејствувал како Македонец, работел за македонската кауза, идејата за автономна и суверена Македонија била негова мисла водилка, додаде Пандов.
Панахидата за Алаксандров годинава се одржа по 30-ти јубилеен пат, а од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратеникот во македонското Собрание, Душко Иванов, делегации од патриотски здруженија во земјава беа положени букети цвеќе на споменикот на Тодор Александров, кој минатата година се откри во Ново Село, спроти музејот на ВМРО.
МИА
Ново на Сител
-
Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница
-
Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030
-
Кос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми