Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа во Вашингтон соопшти дека САД во јужниот дел на Карипското Море нападнале брод што превезувал дрога и кој испловил од Венецуела, и оти во таа акција биле убиени 11 припадници на венецуелската банда „Трен де Арагуа“.
Тој изнесе малку детали за операцијата и пред новинарите во Овалната соба во Белата куќа изјави дека на тој брод имало „многу дрога“.
Државниот секретар Марко Рубио на Х информира дека со бродот управувала „позната нарко-терористичка организација“ и ја опиша операцијата како „смртоносен удар“.
САД неодамна најавија план за засилување на своите поморски сили во водите на Венецуела за да се борат против заканите од латиноамериканските нарко-картели, но не најавија никаква планирана копнена инвазија.
Владата на претседателот Николас Мадуро одговори со распоредување трупи долж брегот на Венецуела и границата со соседна Колумбија, како и со повик Венецуелците да се пријават во цивилната милиција.
Мадуро тврдеше дека САД градат лажна приказна за трговијата со дрога со цел да се обидат да го симнат од власт.
Тој и други функционери од Венецуела повеќепати го цитираа извештајот на Обединетите нации за кој велат дека покажува дека преку Венецуела се обидуваат да пренесат само пет отсто од кокаинот произведен во Колумбија.
Боливија нема излез на море, но Колумбија, која има пристап и до Тихиот Океан и до Карипското Море, е водечки светски производител на кокаин.
Прес-службата на владата на Венецуела веднаш засега не одговори на барањето за коментар за објавата на Трамп. Изјавата не ја коментираше ни Пентагон во Вашингтон.
МИА
Ново на Сител
-
Пожарите кај Вардариште, во Долнени, Кожуф, Јасен и Липково ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
-
Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница
-
Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030