Македонија
23. May 2025 - 16:43

Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти

Мисијата на светите Кирил и Методиј се темелот на европската културна историја, но и инспирација за мисијата на УКИМ, порача ректорката на Универзитетот Биљана Ангелова на свеченоста по повод одбележувањето на 76-годишнината од основањето на Универзитетот и денот на Светите Кирил и Методиј.

Ресорната министерка Јаневска порача дека за државата висок приоритет останува подобрувањето на квалитетот на образованието. Вели дека новото законско решение за високо образование ќе обезбеди поголеми права на студентите и професорите.

Студентите побараа државата да вложува повеќе во нивното образование и да не дозволат квалитетен кадар да ја напушта државата.

Најуспешните студенти со највисок просек од сите факултетите добија признанинија од ректоратот на УКИМ. Делегации на државниот врв и УКИМ положија цвеќе и пред споменикот на светите Кирил и Методиј, оддавајќи почит за нивните заложби.