Одбележување 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи

По повод 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Штип, Битола и Скопје, информираат од македонското Собрание.
Собраниска делегација, во чиј состав се Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип.
Утре собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Весна Бендевска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот Камена Менора и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара.
Во среда пак, собраниска делегација во чиј состав се Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова ќе положат цвеќе на Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи во Тутутнски комбинат – Монопол, како и на Споменикот на депортираните Евреи и на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта - Градски гробишта Бутел.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
