Loading Video...
Фудбал
29. April 2022 - 11:02
Одиграни први полуфинални натпревари во Лигата на Европа и Конференциската Лига
Ниту една екипа не се стекна со позначајна предност по одиграните први полуфинални натпревари во Лигата на Европа и Конференциската Лига
Германските екипи Лајпциг и Ајнтрахт стегнаа гол предност за реванш дуелите во Лига Европа
Лајпциг го совлада шкотскиот Глазгов Ренџерс со 1-0 и тоа со голот на Анхелињо постигнат во самиот финиш односно 85-минута.
Далеку по интересен беше дуелот во Лондон каде Вест Хем го пречека Ајнтрахт кој на реваншот пред својата публика во Франкфурт ќе стартува со предност од 2-1.
И во Конференциската Лига се одиграа првите полуфинални дуели.
Дури четири од петте голови беа постигнати во првиот дел на дуелот меѓу Феенорд и Олимпик Марсеј, кој холанскиот тим го доби со 3-2 благодарение на Десерс кој беше стрелец на два гола.
Вторниот натпревар меѓу Лестер и Рома завршни без победник 1-1.
Имајќи ги во предвид постигнатте резултати, сигурно дека во реванш дуелите, во двете натпреварувања, што се закажани за 5 мај, не очекуват интересни и неизвесни средби.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->