Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која предминатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејн ата куќа во Кратово. Од Основниот суд Куманово информираа дека судењето се одложува, бидејќи треба да се направи супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.
На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење подготвено на барањето на одбраната на Илијевска. Одбраната, рече дека и во двете вештачење предложени и од обвинителството и од одбраната, психијатрите укажале дека поради конфликт на осомничената и жртвите и чувството на загрозеност на физичкиот интегритет довело до афективна ерупција и силна раздразнетост.
Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана.
Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство, физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.
Наредното рочиште е закажано за април, годинава.
МИА
Ново на Сител
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
