Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, заради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува, поради оправдани причини - неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози - Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.
Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.
Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
-

Работните групи го кројат новиот изборен законик без СДСМ
-

Нови партиски обвинувања за бугарофилството
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
