Одложувањето на носењето на законот за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени
Оддолжувањето на постапката за донесување на законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, има негативно влијание во институционален систем, координација и комуникација меѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени, оценува Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за подготвеноста на државава за справување со климатските промени.
- Надлежните органи во државата потребно е да преземат дополните мерки и активности за справување со климатските промени поради тоа што меѓу другото отсуствува јасно дефинирана структурна поставеност, координација и комуникација меѓу инволвираните страни во процесот на климатски промени, а Национален план за адаптација на климатските промени не е донесен, наведуваат ревизорите.
Во однос на управувањето со климатските промени, ревизорите оценуваат дека постојното законодавство од областа на животната средина иако регулира одредени прашања поврзани со климатските промени, сепак не се доволни да се воспостави систем со кој државата ќе управува со климатските промени.
И покрај вклученоста на голем број институции, правни лица и засегнати страни во Предлог верзијата на Законот за климатска акција изостанува вклученоста на локалната власт која е носител на политиките на локално ниво и истовремено ги имплементира политиките од централно ниво, се наведува во извештајот.
Поради слабите административни капацитети, не е обезбедена ниту единствена база на податоци потребна за изготвување и ажурирање на Националниот инвентар на стакленички гасови којшто со помош на меѓународни проекти последен пат е изработен во 2019 година, односно за последните пет години државата нема податоци за емисии на стакленички гасови.
Државата нема национален план за адаптација на климатските промени, но дел од секторските стратегии предвидуваат мерки и политики за адаптација.
Во однос на финансирање на климатските промени, во Долгорочната стратегија за климатска акција, предвидено е дека за реализација на политиките и мерките за периодот од 2020-2050 година ќе бидат потребни капитални инвестиции во висина од 35 милијарди евра и трошоци во енергетскиот сектор од 121 милијарда евра.
- Имајќи во предвид дека сеуште нема законска основа, во Буџетот на државата не е воспоставен систем за климатско означување на проектите релевантни или поврзани со климатски промени поради што државата не располага со релевантни податоци за финансиските средства наменети за климатски промени. Во периодот од 2020-2024 година не се изготвени двогодишни извештаи (BUR) со кои државата има меѓународна обврска да известува за искористените средства од домашниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и средства од меѓународни фондови и институции и приватниот сектор, наведуваат ревизорите.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе воведам економски санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на прекин на огнот
-
Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија
-
Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица започнува одбележувањето на големиот христијански празник
-
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф