Одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетиката на дневен ред на собраниска седница

Одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката е ставена на дневен ред на денешната 86. собраниска седница. Според владиниот предлог, кризната состојба на територија на цела држава треба да биде продолжена до 30 април следната година.
За Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, прогласувањето на кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со енергетската криза.
– Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна.
Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата.
Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.
На денешната седница пратениците треба да расправаат и за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Ново на Сител
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
-

Се уште не се знае по кој модел ќе се гради Чебрен и Галиште
-

Во Прилеп се чистат речните корита за да се спречи нивно излевање
