Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
„Јас во Америка не сакав децата да ми учат со црнчишта, не па овде со ѓупчишта“, со вакви погрдни зборови родител од македонска националност од Прилеп и викал и се заканувал по животот на директорката од ООУ Добре Јованоски, Панде Николоска, бидејќи не сакал детето да учи во училиштето каде мнозинството се деца од ромска националност, а директорката не сакала да му даде согласност детето да учи во училиште од друг реон каде што не припаѓа согласно Реонизацијата на Прилеп.
Родителот се заканувал по животот на директорката и животот на нејзините две деца од кои едното малолетно, а иста така потенцирал дека ќе и го запали автомобилот бидејќи знаел каде живее.
Настанот се случил минатата година, а случајот е веднаш пријавен во ПС Прилеп, Министерството за образование, Државниот просветен инспекторат, Општина Прилеп и во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која донесе одлука родителот писмено да ѝ се извини на директорката, но посебно и на учениците од ромска припадност во училиштето, но за жал тој тоа се уште не го направил.
„Во претходните учебни години откако ќе започнеше уписот на ученици во прво одделение се соочуваме како училиште со големи притисоци, уцени и закани од страна на дел од родителите од македонска националност со цел на нивните деца да им се даде согласност за нивното дете да учи во училиште од друг реон. Но јас како директор на ООУ Добре Јованоски, никогаш не сум исполнувала желби на родители за префрлање на деца од едно во друго училиште. И моите две деца учат тука. Во иднина училиштето ќе продолжи доследно да го почитува законите и принципите на еднаквост, инклузивност и недискриминација, како и правото на образование на секое дете“, вели Панде Николска, директорка на ООУ Добре Јовански – Прилеп.
Инаку по жалба пак на родители Роми дека и нивните деца се дискриминирани Уставен пред 1 месец донесе одлука дека ООУ „Добре Јованоски“ е единствено училиште каде дема никава сегрегација ниту дискриминација на учениците. Дури има случаи каде поради квалитетната настава некои ученици веќе сакаат да се вратат назад.
Од ООУ „Добре Јованоски“ уште еднаш апелираат да нема стереотипи, да не се делат децата по ниту една основа бидејќи сите се исти, а родителите да не вадат лажни лични карти со лажни места на живеење бидејќи со тоа нема да помогне во запишувањето на нивните деца во друго учичиште.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
