Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.
Поради одронот сообраќајот на патот Кичево - Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.
АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата - велат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
