Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
Специјалци, Волци, Ренџери и пожарникари во битка со огромниот оган кај Јасен. Пожарот се приближи до објектите на Јавното претпријатие. Повеќе пинц-гауери кои биле поставени во полукружна одбрана, го блокирале огнот да влезе во самите објекти.
Пожарот кај Јасен е практично дежа-ву за властите, со оглед на тоа што со ваква стихија на истото место, службите се бореа и минатото лето. Но, командантот на Кризниот штаб вели дека годинава ситуацијата е значително полоша, бидејќи сега гори на пострмен и карпест предел.
Освен кај Јасен, гори и во Струга, но и во прилепско Дабница. Огнен појас има низ селата Чешиново-Облешево и Теранци. Гори и во Јегуновце и општина Сопиште.
Огнените стихии особено во јули пеплосаа големи површини на квалитетна шуми. Според пресметките на Национални шуми, јули се заокружува со 6.000 изгорени хектари.
Бројот на пожари во јули оваа година, е значително поголем од статистиката во јули.
Михаилов вели дека оваа година пожарите сме ги дочекале поподготвени за разлика од лани. Значајна помош годинава се пренаменетите армиски возила, на кои се инсталирани пумби со вода и се пробиваат на тешко пристапни терени.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар