Македонија
20. јуни 2026 - 16:28

Oхрид доби културен информатор

Станува збор за нова  платформа посветена на културниот живот во градот каде на едно место ќе може да се следат најновите културни настани,фестивали ,изложби,концерти , театарски претстави и литературни случувања.

Целта на овој информатор е културните содржини да бидат подостапни повидливи и поблиски до сите љубители на уметноста и културата.

Според добрите познавачи бројните културни настани во Охрид оставаат белег ја збогатуваат и прошируваат туристичката понуда и го афирмираат градот..